Села со одговор дали е подготвен за обединување со Таравари во рамките на Европскиот фронт

од Nikola Popovski
59 прегледи

Претседателот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села истакна дека како дел од коалицијата Европски фронт (ЕФ) најверојатно ќе гласаат против предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер на Народната банка. Според него, господинот Славески не ги исполнува условите и за подобар одговор ги упати новинарите кон пратеникот Елми Азири.

На денешната прес-конференција во Собранието, Села беше запрашан и дали би прифатил обединување со другото крило на АА, Арбен Таравари, заедно во рамките ЕФ.

-Тој најпрвин треба да каже свој став дали е спремен да се спои во ЕФ, па потоа ќе кажам мој одговор. За среќа од таа изјава дека ќе има пратеници од ЕФ кои ќе префрлат во ВЛЕН, помина една недела и колку што знам, таквите пратеници припаѓаат на Арбен Таравари. Самиот тек покажува дека тоа е голема лага. Со вакви проблеми секогаш сме се соочувале ние во редовите на АА. Тоа се специјални начини на делување од страна на служби кои што имаат за цел, а градат недоверба помеѓу партнери и коалициски партнери и тоа е најдобриот начин за да се направи раздор во групата и да се постигне цел. Таква ситуација немаме во ЕФ, барем зборувам на делот околу пратениците на АА. Голема пропаганда е. Јас сум повеќе за да градиме стандарди, а стандарди треба да биде вистината, а не лагата, кажа пратеникот.

Слични содржини