Села: Со промената на Деловникот на Собранието сакаат да направат гласачка машинерија од пратениците

од Nikola Popovski
372 прегледи

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за емисијата „360 степени“ изјави дека формата во која се предлага оваа промена во Деловникот на Собранието има лоша тенденција да го направи пратеникот само гласачка машинерија.

„Да предложиш за луѓе кои не е возможно физички, болни се и не се присутни, да можат онлајн да бидат присутни и да учествуваат на седница. Што подразбира учеството на седница? Дали пратеникот треба да биде само тој кој ја исполнува бројката од 61 пратеник за да се има кворум или пратеникот треба да биде претставник на народот кој треба да добие збор и да зборува?! … Има одредени лидери на партии кои немаат обичај никогаш да бидат присутни на седници и секогаш ќе се најде причина да се изолираат, бидејќи наводно пиеле кафе со роднина. Формата како се предлага оваа промена на Деловник, за жал, зад неа има лоша тенденција за да го смета пратеникот само како гласачка машинерија и ништо друго“, вели Села.

Тој истакна дека е пратеникот на кој му бил манипулиран гласот кога бил усвоен Законот за јазици.

„Насекаде пишување дека Села не го гласал Законот. Не е технички проблем, бидејќи во Собранието има два монитори. Зошто тоа се случи токму на мене кој е лидер на партија и најгласниот пратеник кој условува бројки во Владата во првите 100 дена“, прашува Села.

 

Слични содржини