Селами: Секоја бројка за попишани Бугари во земјава е манипулација и калкулација

од Nikola Popovski

Се што се лиферува сега во јавноста е манипулација, вели заменик-директорот на ДЗС, Илми Селами, како одговор на прашањето како го коментира написот на бугарскиот портал Фактор, на екс конзулот на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев, кој соопштил дека само 72 граѓани на Македонија до сега се декларирале како Бугари.

Според него, секоја информација што не е од ДЗС се сфаќа како калкулација со бројки.

-Откако процесот ќе заврши ќе бидат потребни уште 6 месеци за обработка на податоците до објавување на финалните податоци. Сепак сме пред прагот на предизборна кампања, па можете да претпоставите зошто се прави тоа, додава Селами.

Слични содржини