Стив Кер, кошаркарскиот селектор на Соединетите Американски Држави, не беше среќен по пријателскиот натпревар на неговиот тим против Јужен Судан.
Американците го совладаа Јужен Судан со резултат 101:100 во подготвителниот натпревар пред Олимписките игри во Париз. Јужен Судан имаше 14 поени предност на полувремето.
„Гледате, целиот тим се посрамоти на полувремето. Леброн Џејмс не беше среќен кога го оставив на клупа во третата четвртина. Го погледнав и видов дека е нервозен и сака да влезе што побрзо. Сепак, завршницата беше добра за нас. Натпреварот не потсети дека нашите противници секогаш го играат најголемиот натпревар во својот живот. Ова е првиот натпревар каде што се сомневавме во исходот. Добро е што го почувствувавме сега. Добро е да имате предизвик. Ако не одиграме како што треба и не се фокусираме, секој може да не победи. Ако не дадеме се од себе, можеме да загубиме“, изјавил Кер по натпреварот.
Американците повторно ќе играат со Јужен Судан бидејќи се во група со овој тим во Париз. Во истата група се и Србија, како и Порторико.
Олимписките игри почнуваат на 26 јули.