Селена Гомез еруптира против Џастин Бибер со нова песна

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Американската пејачка Селена Гомез соопшти дека снимила нова песна заедно со својата колешка Чарли Екс-Си Екс, пишува “Контакт мјузик”. Поинтересно во случајот е дека текстот на парчето јавно говори за разочарувањето на младата убавица од претходниот нејзин дечко – пејачот Џастин Бибер.

Во “Лоша девојка” љубеничката на тинејџерите испраќа порака за жените кои секогаш ја преземаат вината на партнерот. Таа пее исто: “Знам дека не сум секогаш до тебе и ме нема, кога ме бараш. Јас сум лоша девојка”.

24-годишната пејачка, која сега се среќава со канадскиот рапер Викенд, го разобличи Џастин за неверствата со публикација во Инстаграм. Таа прикачи слика во социјалната мрежа, велејќи: “Чудно е како оние кои ве изневерувале неколку пати, покажуваат со прст кон оние кои простуваат”. Бибер од своја страна ја обвини Селена за милувања со Зејн Малик.