Познатата американска актерка Селма Блер веќе цела година се бори со мултиплекс склероза, а во тек на едно предавање во Њујорк изјави дека е во тешка здравствена битка.
– Средствата за ублажување на симптомите не помогнаа и се чувствувам сè полошо и полошо- изјави актерката која додаде дека ѝ било препорачано да оди на агресивна хемотерапија
– Им кажав дека не го сакам тоа, бидејќи не сакам да си го уништам телото. Зошто би ја внесувала во телото таа ужасна дрога- хемотерапија? Немам рак – категорична беше таа.
Сепак пред извесно време Селма зеде мала доза, пред да се подложи на лекување со пресадување матични клетки. Поради тоа почна да ѝ опаѓа косата, па таа скроз ја избричи главата.
– Лекарите сепак ми рекоа да се подготвам за најлошото. Тоа му го кажав на син ми кој ми рече дека сака да ме кремираат – откри актерката.
Taa многу е активна на Инстаграм каде постојано објавува свои фотографии и јавно зборува за своите здравствени проблеми.