Селмани: Алтернатива не влегува во Владата само поради неколку министерски места и директори

од Nikola Popovski
684 прегледи

Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани очекува дека Алтернатива ќе влезе во Владата.

-Очекувано беше дека тие ќе постават ситни, фини теми од стратешки концепт и прашања, како што јавно го изјавуваат. Немам дилема дека Алтернатива концепциски нема разлики во однос на прогресивната ориентација на СДСМ и ДУИ, вели Селмани во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој смета дека партијата ќе сака нешто ново и автентично да внесе и за тоа треба, според него, останатите владеачки партии да бидат трпеливи.

-Не е само кадровската политика, затоа што лошо би било доколку Алтернатива влезе во Владат само поради еден-двајца министри, заменици и неколку директори, лошо ќе поминат на наредните избори. Ќе биде добро за нив и државата доколку донесат нешто свое и нови елементи во Владата, потенцира Селмани.

Слични содржини