Селмани: Ќе беше интересно да имаме и други кандидати освен Заев на вчерашните избори во СДСМ

375 прегледи

Во рамки на своето гостување во „24 анализа“, Имер Селмани посочи дека силен чекор на демократија е чинот на внатрепартиски избори кои вчера беа дел од СДСМ.

„Конгресот на СДСМ е највисок акт на демократијата во нашата земја. СДСМ покажа дека преку непосредно избори се избира првиот член на партијата. Иако поинтересно ќе беше да имаше повеќе кандидати. За мене како граѓанин очекувам експерти кои би раководеле со една партија. Се добива чувство дека претстои сериозно проветрување во партијата, и сигурен сум дека СДСМ и Заев не се задоволни од тоа што се постигнува во функционирањето на новата Влада. Би било добро и храбро да не остане само во делот на партиската организација тој процент 50% жени наспроти 50% мажи.“

Слични содржини