Селмани: СДСМ има вишок на демократски капацитет по овие балкански норми

Во своето гостување во „Студио 10“, Имер Селмани се осврна на довербата на Владата и нејзиното делување во моментов. Посочи дека не очекуваат тешки предизвици и го оцени потегот на Заев како исклучително храбар.

„Исклучително храбар потег беше тој вчера на Заев. Ја демантираше опозицијата која тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Очигледно е дека СДСМ има вишок на демократски капацитет по балканските норми. И јавноста погрешно ја протолкува одлуката на малите партии независно да настапуваат во Собранието. Во ова невреме, кога имаме потреба да се фокусираме на економското закрепнување и треба секојдневно да се бориме со Ковид 19, и кога треба во поглед на надворешната политика, Владата да игра паметно, трезвено и мудро, мислам дека навреме беше изгласана довербата. Оттаму, барем за некој период се пролонгираат шпекулациите дека владејачкото мнозинство е нестабилно“, посочи Селмани.

Слични содржини