Селмани: Стана во мода да сме против урбанизацијата на градот и општините и тоа е погрешно размислување

од Берта Китинска

Стана во мода да сме против урбанизацијата на градот и општините и тоа е погрешно размислување.Колку ни е убаво кога идеме во еден Париз или во Дубаи или Менхетен, каде што е изградено средно, убаво и сите би сакале да сме парче од тој дел на светскиот развој, вели во Студио 10, поранешниот градоначалник на Сарај, Имер Селмани.

Според него урбанизацијата за време на изборите станала табу тема за која градоначалниците не се охрабрувале да зборуваат.

-Урбанизацијата стана една тема која не смееше да се разговара едно табу за коие градоначалниците не се ни охрабруваа да кажат дека ќе продолжат да ги урбанизирааат населените места. Меѓутоа тука е грешката во самите градоначалници и начинот на кој тие би го презентирале планот.Ако им кажете на граѓаните помеѓу две згради ќе ставите уште една нормално ќе изрегираат, но доколку им кажете дека ќе уредите некое место кое е змијарник тогаш ќе имате различна рекација, вели Селмани.

Слични содржини