Селмани: Заев е еден од ретките македонски политичари што може да носи смели политички одлуки

од Nikola Popovski

„Зоран Заев е еден од ретките македонски политичари што може да носи смели политички одлуки. Ниту во Македонија ниту во Србија никој не сака да зборува за злосторствата на југословенскиот диктатор Тито“, вели новинарот Насер Селмани, кој беше долгогодишен претседател на Здружението на новинари на Македонија, во интервју за бугарската новинска агенција „БГНЕС“, на прашањето што сакал да каже премиерот Зоран Заев кога рекол дека поранешна Југославија ја одделила Македонија од Бугарија.

Според него, владата на Љубчо Георгиевски била соборена во 2001 година за да се спречи отворање на Македонија кон Бугарија и Албанија.

Југославија никогаш нема да се опорави. Белград ја користи Српската православна црква за да ги потчини другите православни народи, затоа не ја признава автокефалноста на Македонската православна црква. Денес, ВМРО-ДПМНЕ е најпросрпската партија во С. Македонија. Албанските политичари во РС Македонија, Косово и самата Албанија им служат на странски интереси, вклучително и на српските. Вие не можете да имате слободни медиуми во заробена земја“, вели Селмани во интервјуто.

Слични содржини