Следејќи го светскиот успех на дебитантското издание на “In The Lonely Hour” од 2014 година, и хитот “Writings On The Wall” од 2015 година, настанат за потребите на филмот Џемс Бонд, Сем Смит по пауза од две годни го претстави новиот сингл “Too Goo At Goodbyes”.

Новата песна Сем ја напишал во соработка со долгогодишните соработници Џими Непс и Старгет, со чија помош повторно дојде доизраз уникатниот распон на Смитовиот вокал како и емотивното пишување текстови.
Минатите три години од објавата на деботанстскиот албум Сем Смит стана едн од најуспешните музичари на светот.
Албумот “In The Lonely Hour” освои три BRIT, три Billboard Music, четири Grammy, шест MOBO награди, еден Golden Globe и многу други.
За да го прослави своето враќање, Сем Смит ќе одржи низа настапи во Лондон, Њу Јорк, Лос Анџелес и Берлин.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=AX8-YzMKZhQ