Семејството на напаѓачот на Федекс се извини: „Се обидовме да му го дадеме она што му требаше“

од Stefanija Kuzmanovska
440 прегледи

Семејството на младиот Брендон Скот Хол, кој уби осум лица оваа недела во просториите на Федекс во Индијанаполис, го изрази својот очај поради бесмислениот напад.

„Очајни сме поради загубите предизвикани од чинот на Брадон. Со љубов од семејството, се обидовме да му го дадеме она што му требаше“.

Целото семејство изрази „најдлабоко жалење и извинување до жртвите на оваа бесмислена трагедија“ на локалниот ТВ канал Индијанаполис WISH.

Хол ги застрела вработените во Федекс во четвртокот вечерта. Уби четири лица пред просторијата, а потоа влезе и уби уште четири. Седум лица беа повредени.

Брендон Скот Хол (19) се самоуби откако пристигнала полицијата.

Тој бил поранешен вработен во компанија со историја на ментална болест, поради што минатата година завршил во притвор.

Слични содржини