Семејството на Пригожин добивало сериозни закани? Нови теории за причината на запирањето на бунтот на Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Групата „Вагнер“, предводена од Евгениј Пригожин, започна вооружен бунт во саботата на 24 јуни и истиот заврши истиот ден.

Иако Пригожин со својата група се упатил кон Москва, тој го запрел конвојот на околу 200 километри од главниот град на Русија. Според договорот со белорускиот претседател Александар Лукашенко, лидерот на групата „Вагнер“ ја напушти Русија и треба да се пресели во оваа земја.

Сепак, се чини дека договорот не бил единствената причина поради која Пригожин запрел. Според теоријата на британската тајна служба, семејството на Пригожин добило сериозни закани.

Тие закани влијаеле врз водачот на групата на „Вагнер“ и бунтот бил нагло прекинат.

Исто така, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да ги елиминира водачите на вагнеровците, вклучително и Пригожин, и ќе почне да ги асимилира борците од оваа група во руската армија, пишува британски The Telegraph.

Слични содржини