Семејството на убиениот претседател на Хаити ја напушти земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Мартин Моиз, вдовицата на убиениот претседател на Хаити, Жованел Моиз, ја напушти земјата со своите деца, објавија денеска локалните медиуми.

Според извештајот на медиумите, Мартин Моиз ќе отпатува на Флорида, каде што ќе го продолжи лекувањето по повредата што ја доби за време на нападот во кој беше убиен нејзиниот сопруг, пренесува руската агенција ТАСС.

Моиз беше убиен на 7 јули во неговата резиденција.

Властите на Хаити подоцна тврдеа дека во групата напаѓачи има најмалку 26 колумбиски државјани, од кои некои веќе се уапсени.

Претседателот беше погребан на 23 јули во Кап-Хаитиен.

Слични содржини