Уште еднаш, како и многу пати досега во текот на судската постапка против Слободан Богоески, бевме сведоци на суспендирање на законите и непочитување на основните човекови права и слободи од страна на овластените лица., се вели во отовореното писмо на семејството на Богоевски до медиумите

slobodan-bogoevski

Имено, на 19.02.2015, во доцните вечерни часови, Слободан Богоески беше приведен од полицијата откако кривичниот совет при Основниот суд Скопје I на 16.02.2015 година му го достави решението со кое ја одбива жалбата поднесена од Слободан Богоески за одложување на извршувањето на санкцијата од здравствени причини и го задолжи во рок од 8 дена по правосилноста на решението да се јави во затворот во Скопје.

Целокупната постапка сега се води пред Врховен Суд на Р.Македонија. Тоа значи дека доколку Врховниот Суд не одлучеше поинаку, тој на 24.02.2015 год. ќе се јавеше на издржување.

Против Слободан Богоески се води судски процес од Април 2013 година без постоење на елементи за кривично правни основи Во постапката ниту се утврди злоупотреба на службена положба, ниту има оштетен, ниту пак било каква основа за наводно перење пари.

Се работи за чисти договорни облигациони односи, кои на барање на Јавно Обвинителство се трансформирани во кривично – правен процес, се со цел да се обезбеди финансиска корист на компанија од Кипар, а која воспостави блиски односи со претставници на извршната власт.

Повеќе од јасно е дека од денот на поднесување на кривичната пријава против него па се до вчера е вршење на невидена одмазда – притисок од страна на преставници на извршната власт врз судот.

Не можеме да ја разбереме итноста од страна на судот непосредно пред настапот на 24Вести да биде уапсен и брутално спроведен во затвор.

Обвинетиот располага со цврсти докази за притисоците што се вршени над судовите и по јавно обелоденување на телефонските разговори и други видови на комуникација, ќе побара заштита од Меѓународниот суд за правда во Стразбур, бидејќи повеќе од јасно е дека се работи за школски пример на монтиран судски процес.

 

Слични содржини