Семејството Обама во жалост: „Почина нашиот најдобар пријател по долга борба со ракот“

од Stefanija Kuzmanovska
501 прегледи

Семејството Обама вчера објави дека починало нивното омилено куче Бо.

– Ова попладне беше тешко за нашето семејство. Се збогувавме со нашиот најдобар пријател, нашето куче – Бо почина по долга борба со ракот – напиша Мишел Обама на Инстаграм.

Обама го доби Бо откако се преселија во Белата куќа, по ветувањето што Барак им го даде на своите ќерки Малија и Саша дека ќе им куче куче во замена за поддршка во кампањата.

– Денес, нашето семејство изгуби вистински пријател и верен придружник. Тој ги толерираше сите гужви во Белата куќа, лаеше, но не гризеше, сакаше да скока во базен на лето, сакаше деца, живееше да краде храна околу масата и имаше одлична фризура – напишал Барак Обама.

Слични содржини