Семејството Шумахер бара построга казна за поранешниот телохранител во случајот со изнуда

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Семејството на Михаел Шумахер, еден од најпознатите Формула 1 возачи, ја изненади јавноста со изјава, со оглед на тоа што нивната приватност ретко се изложува на медиумите.

Тие преку соопштение ја информираа јавноста дека поднеле жалба на одлуката на судот, кој според нив преблаго го казнил поранешниот телохранител Маркус Фриче за обид за изнуда во која беа вклучени три лица.

Тројцата обвинети му се заканувале на семејството Шумахер дека ќе објави приватни снимки и фотографии од седумкратниот светски шампион во Формула 1 доколку не добијат огромна сума пари. Обвиненијата опфаќа обид за изнуда во која од семејството биле побарани дури 15 милиони евра.

На крајот, обезбедувачот во германски ноќен клуб, Јилмаз Тозтуркан, беше осуден на три години затвор за обид за изнуда. Неговиот син, Даниел Линс, беше осуден на шест месеци условна казна за помагање, додека Маркус Фриче доби две години условна казна бидејќи бил само соучесник во случајот.

Во соопштението, потпишано од Корина Шумахер, се вели: „Поднесовме жалба бидејќи сметаме дека казната за г-дин Ф. е премногу блага. Според мене, тој беше мозокот на оваа операција. Она што најмногу ме шокира е масовната злоупотреба на довербата. Веруваме дека тој треба да добие казна што ќе послужи како предупредување за секој кој би можел да се обиде да го повтори ова однесување“.

Семејството Шумахер изразува голем страв дека на интернет ќе се појават приватни материјали, бидејќи не знаат каде точно се наоѓаат снимките и фотографиите.

Адвокатот на семејството, Тило Дам, додаде: „Бидете сигурни дека ќе ги искористиме сите правни опции кои ни се достапни. Не знаеме каде е хард дискот што недостасува. Немам кристална топка, но постои можност за нови закани преку алтернативни канали“.

Семејството и нивниот правен тим не се согласуваат со одлуката на судот и ќе продолжат да се борат за правда.

Слични содржини