Во Охридското село Годивје, во Црвена Вода и во други места од општина Дебрца, викендов беше вистински празник за очи и душа.
Вчера , како сите патишта да водеа во Годивје, на големата сенародна прослава, одржана под формалното име: “Гомлезијада – Годивје – 2018”.
Манифестацијата започна уште рано наутро, со подготвување на народниот, локален, специјалитет – ѓомлезе, мегу населението познато јадење и како тури – потпечи.
Вевчанката Лида Даскалоска го направи најубавото ѓомлезе за што беше наградена со 10 000 денари. Ратка Крстаноска од Ботун, за освоеното второ место, доби парична награда од 7 000 денари а, за третата наградана Родна Трајческа доби 3.000 денари.
Годивје беше преполно со гости – роднокрајци, иселеници кои се тука за време на летните одмори, но и странски туристи, кои слушнале за настанот па дошле да го посетат.
Забавата дополнително беше збогатена со настапи на фолклорни ансамбли од земјата и странство.

Покрај од општина Дебрца ( КУД “Дебрца”-Мешеишта), и општина Охрид, тука беа фолклорни ансамбли од други македонски градови, но и од 4 странски земји: “Дофтината” (Валеа Дофтанеи) – Романија, “Скални” од Краков – Полска, “Подуенска китка” од Софија, Бугарија и КУД “Св.Криж”, од Зачартје, кај Загреб

Викендов завршија и активностите од 34-та, по ред, Ликовна колонија “Дебрца – 2018”, чии учесници, на последниот ден, создаваа дела на кладенците во селото Црвена Вода, а потоа им се придружија на славениците во селото Годивје, заедно со градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.