Сенатот го потврди изборот на Кели Крафт за нов амбасадор на САД во ОН

од Марта Пешевска
116 прегледи

Американскиот Сенат го потврди изборот на Кели Крафт за нов амбасадор на САД во Обединетите нации, со што по седуммесечна пауза е пополнета таа позиција.

Изборот на Крафт е потврден и покрај стравувањето на демократите поради нејзиното неискуство и судир на интереси.

Крафт моментално е амбасадорка на САД во Канада. Таа и нејзиниот сопруг Џо Крафт, директор на еден од најголемите производители на јаглен во САД, донираа милиони долари за политичките кандидати.

Ова е првпат некој голем политички донатор да ја заземе функцијата амбасадор на ОН во која било администрација во САД.