Сенатот го усвои пакетот помош од 1,9 трилиони долари

од Vladimir Zorba

Американскиот Сенат усвои паричен пакет помош за граѓаните загрозени од пандемијата на коронавирус во вредност од 1,9 трилиони (1.900 милијарди) долари – што беше предложен од сегашниот претседател Џо Бајден. Предлог-законот беше поддржан од 50 членови на горниот дом на американскиот конгрес – додека 49 од нив гласаа против и беше усвоен по дваесет и седумчасовна дебата обележана со одложувања и расправии.

Предлог-законот вклучува финансирање за вакцини и медицински материјали, продолжување на надоместоците за невработеност и нова рунда парични надоместоци за домаќинствата, малите бизниси и државните и локалните власти.

Предлог-законот беше усвоен откако демократите постигнаа договор со демократскиот сенатор Џо Менчин од Западна Вирџинија за надоместоците за невработеност.

Републиканците се спротивставија на нацрт-законот на Бајден и се обидоа да го придобијат сенаторот Менчин, кој се залагаше за помалку обештетување од неговите демократски колеги.

Сепак, демократите ја намалија првично предложената сума од 400 долари неделно на 300 долари неделно за невработените, со даночни олеснувања за невработените, со цел да ја добијат поддршката од сенаторот Менчин.

Републиканските сенатори засега се против демократскиот предлог, за кого сметаат дека е прескап.

Доколку Сенатот го одобри предлог-законот за нова помош поради пандемијата, тој потоа ќе биде вратен во Претставничкиот дом за конечно усвојување. Долниот дом претходно ја усвои својата верзија на законот. Демократите се надеваат дека Бајден би можел да го потпише пред 14 март, кога истекуваат одредени програми.

Предлог-законот вклучува финансирање за вакцини и медицински материјали, продолжување на надоместоците за невработеност и нова рунда парични надоместоци за домаќинствата, малите бизниси и државните и локалните власти. Анкетите за јавното мислење покажуваат широка јавна поддршка за предлогот на Бајден.

Пандемијата на коронавирус однесе скоро 520.000 животи во Америка, додека милиони останаа без работа.

Слични содржини