18
Сенатот на Соединетите Американски Држави го усвои законот за привремено финансирање на федералните агенции, со што се избегнa затворање на владата, објави Си-Ен-Ен.
Законот беше усвоен со 85 гласа „за“ и 11 „против“, откако и официјално истече рокот за донесување на буџетот.
Новиот закон дозволува продолжено финансирање на владините институции до март 2025 година, а вклучува и средства за помош во случај на природни катастрофи и поддршка за земјоделството.