Сензација во Скопје: Македонија го урна светскиот шампион Данска

од Nikola Popovski
392 прегледи

Се случи вистинска сензација во Скопје. Нашата репрезентација го победи светскиот првак Данска со 33-29 (17-13) во третото коло од квалификациите за ЕП и со трета победа практично се потврди како патник за Словачка и Унгарија следната година.

Деби од соништата за Кире Лазаров, која постигна четири гола како играч-тренер, а неговиот асистент Филип Миркуловски даде три. Кире го предводеше нападот, но и минутите одмор, иако тешко беше да се дојде до воздух, а при тоа и до вистинските зборови. Бидејќи не можеше да биде на две места истовремено, кога беше во игра, Бранислав Ангеловски, неговиот помошник, беше покрај клупата.

Ракометарите на Македонија комплетно го одбележаа првиот дел во кој на Данска и дозволија само едно водство, на почетокот 0-1 и едно изедначување (7-7). Во втората половина од првиот дел, Македонија се одлепи на плус три, кои до истекот на 30-та минута ги зголеми на четири голови предност (17-13).

Почетокот на второто полувреме ја најави сензацијата на овој дуел. Одличниот Миркуловски командуваше со нападот на Македонија, а разликата во резултатот постојано се зголемуваше. Во средина на вториот дел Гоце Георгиевски ги постави највисоките 25-17 за Македонија.

Во последните десет минути Македонија влезе со предност од седум голови предност, но неколку технички грешки и индивидуалниот квалитет на Микел Хансен ја вратија Данска на негатива од почетокот на полувремето (28-24). Возбудливата завршница ја донесе Данска на три голови негатива, на само две минути до крајот но Лазаров стави точка за надежите на гостите со својот четврти гол за 33-29 на неполна минута до крај. Митревски ја забележа 13 одбрана во последниот напад за Данска па Македонија го заврши дуелот со победа од 33-29.

Во вториот натпревар од групата, Швајцарија славеше со убедливи 32-19 во Финска за прва победа.

Слични содржини