Сензационално: Марин Ле Пен води објави француското Министерство за внатрешни работи

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Марин Ле Пен води на претседателските избори во Франција. Ова станува јасно од податоците на Министерството за внатрешни работи на Франција, кои се објавени на Твитер. Според информациите, кандидатот од “Националниот фронт” собрал 24,5% од гласовите на избирачите. За поранешниот министер за економија Емануел Макрон својот глас го дале 21,27%.

На трето место е кандидатот на партијата на “републиканците” и поранешен премиер на земјата Франсоа Фијон, кој собрал 3,76 милиони од гласовите на Французите. Во меѓувреме сите медиуми јавуваат за водство на Макрон.
Според податоците на BFMTV, поранешниот министер води со 23,7%, а Ле Пен собрала 22%. Претседателот на Франција ќе биде избран во вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај.