Фразата дека парите не растат на дрвјата, се испостави дека не е докрај точна. Научниците открија дека лисјата на еукалиптус дрвјата во Австралиската пустина содржат злато – вистинско злато, пишува Gizmodo, цитиран од обекти.бг.
Тим од научници го истражуваа составот на почвата во Голдфиилдс-Есперанса, регионот во Западна Австралија. Тој е познат по своите златни резерви (оттаму и неговото име), но и по тоа што е исклучително тешко да се детектира. Затоа научниците одлучија да проверат на невообичаено место: дрвјата. Еукалиптус дрвјата во регионот се познати по својата издржливост: корените им достигнуваат неверојатна длабочина, за да дојдат до подземните води, од кои треба да живеат. Излегува дека токму таму се наоѓаат и предметните златни резерви. Следејќи ги долготрајниот гласини дека благородниот метал е причина за златниот сјај во лисјата на дрвјата, научниците ги истражуваа лисјата на еукалиптус дрвјата во регионот – и открија траги од злато. Излегува дека корените на дрвјата се спростреле десет ката надолу во почвата и ги апсорбираат златните честички од блиските наоѓалишта. За да се потврди дека златните честички дошле од почвата под корените, тие посадиле еукалиптус дрвја во златна стаклена почва – и повторно откриле злато во лисјата. Идејата дека дрвјата ги апсорбираат минералите од почвата не е нешто ново, но во овој случај е исклучителна. “Златото најверојатно е токсично за растенијата и се пренесува кон надворешните делови (на пример лисјата) или во одредени зони во клетките, за да се намали штетната биохемиска реакција”, пишуваат авторите на студијата објавена во Nature Communications. Тие посочуваат дека тоа е “првото сведоштво за честички злато откриени во природни примероци од живо биолошко ткиво.” И ако некој мисли дека може да се збогати, ако ги сечи еукалиптус дрвјата, ќе треба да ги разочараме. Секое дрво содржи толку мало количество злато (46 делови на 1 милијарда) што само за еден свадбен прстен ќе требаат стотици. Но дрвјата би можеле да се користат за да се открие локацијата на подземните златни резерви.Се смета дека околу 30 проценти од златните резерви во светот лежат под земјата во регионот Голдфиилдс-Есперанса, така да побарувачката може да вреди.
96