103
Американската тенисерка Серена Вилијамс го освои Ролан Гарос, откако попладнево за околу два часа игра во финалето ја совлада Луси Сафарова од Чешка со 2-1.

Првиот сет го доби Вилијамс со 6:3, во вториот чешката тенисерка славеше на тај-брејк (7:6), а во решавачкиот трет сет Американката беше убедлива со 6:2.
За Вилијамс ова беше јубилеен 20.трофеј од Грен слем турнирите и вкупно 90. во кариерата.
Во Париз, Вилијамс има три трофеи, од 2002 и 2013 година.
Серена е во серија од три триумфи на Грен слем турнирите. Таа е актуелна шампионка и на УС Опен и Аустралијан Опен.
Сепак, најуспешна во историјата на големите турнири е германската тенисерка Штефи Граф со 22 трофеи./МИА