Серена Вилијамс пушта своја модна линија

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Откако ги собра погледите на публиката на опен Австралија со тесното зелено трико на Nike, Серена Вилијамс ги изненади своите фанови со веста дека ќе формира своја модна линија. Ова е причината зошто тенисерката се повеќе се појавува во нестандардни алишта на теренот. И таа нема грижа, бидејќи нејзината цел е да промовира облека за поголеми дами како неа.

Во средината на јануари, спортистката само навести колекција бела маичка со буквата S.

“Успехот на секоја жена мора да биде инспирација за друга. Ние сме најсилни кога уживаме во поддршката другите. Ја посветувам оваа колекција на сите кои се подготвени да ја поддржие вашата S “, пишува на официјалниот сајт на Вилијамс.

Колекцијата на тенисерката е од 12 делови, а мотото  е #BeSeenBeHeard (Биди виден, биди слушнат). 

“Јас сум Серена Вилијамс и не сакам да плаќам 1.000 долари или 3000 долари за облека. Можам, но не сакам “, вели таа за Гламур. Спортистката објаснува дека сака да им понуди на луѓето квалитетна облека по нормална цена.

“Колекцијата на Серена е за жената која верува во себе, која сака да биде прекрасна, која веќе изгледа добро и се сака себеси однатре и сега го покажува и тоа однадвор”, коментира уште Вилијамс.

Најголем дел од облеката на овој сајт е со цена под 250 долари.

Серена Вилијамс има завршено моден дизајн и создавала колекции за Nike и HSN, како и едни од најголемите спортски брендовии. 

Можете да ја видите првата колекција на тенисерката во нашата галерија.