Серена Вилијамс се појави со трико од ликра и мрежести хулахопки на теренот

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Серена Вилијамс се појави со чуден стајлинг на првиот натпревар на опен Австралија кој се одржува во Мелбурн.

Тенисерската ѕвезда излезе на теренот облечена во невообичаено тесно трико од ликра во тиркизно-зелена боја, што беше искомбинирано со мрежести хулахопки во телесна боја.

Серена испратила предизвикувачка порака до критичарите на нејзиниот модерен вкус со трикото на Најкв во ликра, прилепено  на колковите и откривајќи ја секоја контура од нејзината фигура.

37-годишниот американски шампион дефинитивно предизвика мешани реакции во социјалните мрежи. Повеќето луѓе пишуваат дека комбинезонот  без ракави не ѝ одговара на фигурата на спортистката, а некои го нарекуваат изгледот на Серена “непријатен”.

Со оваа шик “облека” таа се појави само неколку месеци откако организаторите на “Франс Опен” ѝ забранија летото 2018 да носи црно трико.

Очигледно, Вилијамс сака да наметне нова мода во облеката на тенисерите; Фото: Ројтерс

Ова е црното трико што организаторите на францускиот Опен ѝ го забранија на Серена да го носи летото во 2018 година. Фото: Ројтерс