
За бременоста јавноста дозна во април. Тогаш стана јасно дека таа била бремена и за време на учеството во финалето на Отвореното првенство на Австралија. Тогаш Вилијамс го запиша своето име со златни букви во историјата на тенисот, откако ја победи сестра си Венус. Таа така си обезбеди 23-та титула во сингл од гренд слем.
Оттогаш Вилијамс не излегла на теренот.
Неодамна во своето интервју таа изјави дека се надева дека ќе се врати на следното издание на турнирот во почетокот на 2018 година
Личности од тенисот и шоубизнисот и честитаа на Вилијамс за среќниот настан. Меѓу нив се Рафаел Надал, Роже Федерер и Бијонсе.