Серена во солзи на церемонијата на доделување на наградите по финалето во Торонто

од desk4
188 прегледи

Американската тенисерка Серена Вилијамс се расплака за време на церемонијата на доделување на наградите по финалето на турнирот во Торонто.

Таа го предаде мечот на 19-годишната канадска тенисерка Бјанка Андреску.

– Благодарам момци. Жал ми е што морав да го сторам тоа. Пробав но, не можев. Бјанка, вие сте брилијантен спортист и жена. Благодарност до мојот тим. Одиме напред, рече Серена со солзи пред своите обожаватели.

Турнирот во Торонто, Канада, се играше за награден фонд од 2,5 милиони долари.