Серхио Рамос го трампаше дресот за пакетче печено свинско

од desk2
80 прегледи

По завршувањето на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедат во неделата, во кој „Кралевите“ славеа со 3-0, капитенот на Реал Мадрид до „продал“ дресот за печено свинско.


Денеска на социјалните мрежи се појавија видео и фотографии на кои се гледа како еден навивач на Реал Мадрид, кој на стадионот дошол со транспарент „Серхио, дај ми го дресот, а јас тебе ќе ти дадам пакетче со печено свинско во маст“, прави трампа со ѕвездата на тимот.