Серија земјотреси ги потресоа Грција и Турција: Подолжуваат афтершокови

од Илинка Илиоска
30 прегледи

Серија на земјтореси ноќеска и утрово ја погодија Грција, после вчерашниот силен во околината на Солун со 5,5 степени според Рихтер.

Следуваа афтершокови, во близина на првиот крак на Халкидики. Регистрирани се три. Едниот со јачина од 2 степени во 6:05 часот, а потоа во 6:21 најсилниот – 3 степени. 12 минути подоцна уште еден помал со интензитет од 2,7 степени.

Вчера попладне Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени се случи во близина на Солун, 64 километри од вториот по големина град во Грција, и 13 километри северно од Неа Мудањана.

Во период од нешто повеќе од 12 часа биле регистрирани 68 земјотреси помали од 2 степени со исклучок на еден од 3,8 и еден од 4,2 степени што беа само неколку минати по силниот.

Серија на земјотреси утрово имаше и на западниот дел од Турција.

Слични содржини