Серијата „Game of Thrones“ ќе заврши поинаку од книгата

од desk2
119 прегледи

Џорџ Р.Р. Мартин изјави дека не го ни погледнал сценариото на последната сезона на серијата „Game of Thrones“ бидејќи е зафатен со пишување на нова книга.

На сите обожаватели на „Game of Thrones“ им е познато дека серијата одамна е поразлична од книгите на Џорџ Р.Р. Мартин, кој неодамна даде интервју за Entertainment Weekly во кое рече дека не го прочитал сценариото за последната осма сезона, ниту пак имал време да дојде на филмскиот сет бидејќи е зафатен со пишувањето на книгата Winds of Winter.

Тој изјави дека на почетокот не ни сонувал дека серијата еден ден ќе го престигне, но тоа одамна се случило и веќе не може да побегне од тоа.

Тоа што ќе го видиме на крајот на осмата сезона би можело да се разликува од крајот во книгите, под услов Мартин навистина да ги заврши книгите. Продуцентите на HBO исто така потврдија дека делови ќе се разликуваат од книгата, но дека не сакаат на гледачите да им кажат во што ќе се разликува нивниот крај од крајот на Мартин, туку тоа ќе им го остават на читателите и фановите сами да го откријат.