„СЕРИОЗЕН И ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ“: НАТО бара истрага за присилното слетување на авионот во Минск

од Vladimir Zorba

НАТО објави дека присилното слетување на авионот на компанијата „Рајанер“ во Минск е „сериозен и опасен инцидент“ и побара меѓународна истрага.

„Белоруските власти мора да обезбедат безбедно враќање на екипажот и на сите патници во Вилнус. Внимателно го следиме принудното слетување на авионот во Белорусија, кој леташе на релација Атина-Вилнус и апсењето на опозиционерот Роман Проташевич“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг преку Твитер, објави Ројтерс.

Агенцијата за авијација на Обединетите нации денеска соопшти дека е „крајно загрижена“ за очигледното присилно слетување на „Рајанер“ во Минск, јави Танјуг.

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на Твитер објави дека е прекршена Конвенцијата во Чикаго, договор од 1944 година, кој е направен со цел да се овозможи мирна и непречена работа на цивилното воздухопловство.

Слични содржини