Сериозни проблеми ја отежнуваат работата на безжичниот полнач AirPower

од Vlatko K
79 прегледи

Apple го претстави безжичниот полнач AirPower пред една година со ветување дека ќе го пушти на пазарот во 2018, но од уредот се уште нема ни трага ни глас, а освен тоа, во последниве недели компанијата го отстрани секое споменување на неговото име од својот сајт. Нови информации од sonnydickson.com откриваат дека Американците се уште среќаваат големи тешкотии во развојот на полначот, кои дури може да доведат до целосно прекинување на проектот.

На прво место, инженерите на Apple треба да се справат со големото зрачање на топлина, која се одразува на брзината на полнење на уредите и на работата на специјалниот чип на Apple, кој работи со лесна верзија на iOS. Заедно со ова, постојат проблеми и кај софтверот, како комуникацијата помеѓу уредите, активирањето на безжичното полнење, брзината на полнење и отчитувањето на наполнетоста на батеријата. Конечно, Apple се соочува со механички проблеми што доведуваат до интерференции.

Компанијата вгнездила помеѓу 21 и 24 полначи калеми, кои се поделени во три групи со идејата корисниците да полнат истовремено до три уреди, без да има значење нивната позиција врз подлогата. Ова сепак се покажа како многу тешко за имплементација и управување и доведува до силни интерференции, со што се намалува драстично брзината на полнење и се зголемува загревањето. Проблемите доаѓаат од потребата калемите со три големини да се преклопуваат, а освен тоа, тие се ставени во куќиште со ограничен размер, што дополнително ја отежнува задачата.

Сето ова води кон голем број непознати за иднината на полначот. Apple веќе го отстрани името од својата веб-страница, што укажува на тоа дека уредот може да биде одложен, откажан или пренасочен. Од sonnydickson.com посочуваат дека е малку веројатно AirPower да добие премиера до крајот на годината. Многу е веројатно заштитниот знак да биде префрлен на нов безжичен полнач, кој можеби нема да биде достапен пред пролетта следната година.