Невакцинираните граѓани ќе може да пијат кафе во кафеана или да влезат во трговските центри кога ќе се намали бројот на заразени лица.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.
-Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна Мехмедовиќ.
Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои го немаат имунитет.
Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 1.269 случаи на КОВИД-19 од направени 4.047 тестови или 31 процент, вкупно евидентирани 25 починати лица и тоа 14 во последните 24 часа и 11 преку системот „Мој термин“, а оздравени 848 пациенти.
Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.