„Сестра на Албанија“: Еди Рама ја угости италијанската премиерка Мелони

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама во Валона ја угостил италијанската колешка Џорџа Мелони, која го нарече „сестра на Албанија“.

Мелони дел од одморот го поминала во Албанија на покана на Рама. Албанскиот премиер на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија , изразувајќи благодарност.

Сестра на Албанија, брат на Италија“. Ти благодарам Џорџа, ми беше чест, напишал Рама.

Италијанските медиуми ја пренесоа и неговата изјава дадена за време на посетата на Мелони дека таа „не греши во меѓународната политика и затоа тој особено ја цени“.

Џорџа е пријател и е се освен фашист, рекол Рама.

Италијанските медиуми објавија дека премиерката отпатувала во Албанија каде имала приватна средба со Рама. Мелони престојувала во Албанија со партнерот Андреа Џамбруно и ќерката Џиневра.

Слични содржини