Сестра ѝ на Амал Клуни сакала да заработи на коронавирусот?

од Elena Daskalova
333 прегледи

Модната дизајнерка Тала Аламудин, инаку сестра на адвокатката Амал Аламудин, се најде на столбот на срамот откако ја обвинија дека сака да профитира на пандемијата.

Таа наместо да го затвори привремено својот погон за производство, продолжила да работи со објаснување дека шие маски за заштита. Но, производот кој сама го нарекла Le Masque се продава по цена од 33 долари.

На тоа, Тала изјавила дека кога чула дека има недостаток на маски, решила сама да ги прави, бидејќи не може да произведе тоалетна хартија. Маските се со најразлични принтови, но нема никакви докази дека помагаат. Таа пак, инсистира дека бркаат работа.

„Штитат максимално иако не се медицински одобрени. Подобро ова отколку ништо“, изјавила таа и кажала дека планира да ги донира заработените пари.

Слични содржини