Сестрата на Амбер Херд тврди дека Џони Деп ја удрил: „На почетокот сите се вљубивме во него, а потоа…“

од Stefanija Kuzmanovska

Витни Енрикез, сестрата на познатата актерка Амбер Херд, сведочеше пред судот како дел од случајот за клевета. Таа изјавила дека Џони Деп ја фатил за коса неговата тогашна сопруга и ја удрил неколку пати по лицето за време на жестоката кавга која се случила околу еден месец по нивната венчавка.

Витни исто така потврди дека Амбер го удрила Деп за време на тепачка во март 2015 година во нивниот пентхаус во Лос Анџелес. 34-годишната сестра на Амбер додаде дека ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ побарала од Херд да потпише договор за тајност на податоците по инцидентот, но нејзината сестра одбила да го стори тоа.

Сестрата на актерката извесен период живеела со познатиот поранешен пар, а нивната врска ја опишала како променлива.

Кога го запознала Деп, во 2012 година, тој бил ведар, прекрасен, љубезен и великодушен.

„Искрено, сите на почетокот се вљубивме во него“, изјави Енрикез, додавајќи дека нејзината сестра и актерот биле лудо вљубени и дека до ден денес не ја видела сестра си да се вљуби во некого толку многу.

„Кога беше трезен, се беше прекрасно. Кога не беше трезен, беше страшно. Ако консумираше дрога или пиеше, речиси секогаш имаше расправија“, навела Енрикез, опишувајќи го детално инцидентот од март 2015 година.

Си кажуваа ужасни работи

Таа рече дека Херд ја разбудила среде ноќ за да ѝ каже дека Деп ја изневерил, а новопечениот брачен пар потоа се степал.

„Тие си кажуваа навистина ужасни работи“, рекла Витни, додавајќи дека Џони истрчал по скалите, ѝ пришол одзади и ја удрил.

„Слушнав како Амбер вика ‘Не удирај ја мојата сестра!’. Тогаш таа го удри“, додаде таа.

Таа рече дека телохранителот на Деп потоа интервенирал, но „дотогаш Џони веќе ја фатил Амбер за коса со едната рака, додека со другата ја удирал неколку пати по лицето“. Телохранителот потоа ги разделил, изјавила сестрата на Амбер, а Деп почнал да крши разни предмети во кујната и почнал да ја фрла облеката на Амбер на подот.

Таа додаде дека нејзината сестра на почетокот била онаа старата, но потоа се променила со текот на времето.

„На почетокот, Амбер беше Амбер; таа беше гласна, смешна, духовита, се смееше многу, беше среќна, весела, забавна, полна со љубов и опкружена со пријатели. А потоа сè почна да се менува. Таа престана да спие, не беше толку гласна повеќе, веќе не беше толку дружељубива“, рече сестрата на Амбер, додавајќи дека станала слаба, не спиела, добила срцево заболување и имала потонати очи.

Слични содржини