СЕТИ регистрираше необичен сигнал од вселената, можно е да е од вонземски живот

од desk3
89 прегледи

Меѓународниот тим од научници од програмата Сетина, која цели да открие вонземски живот, истражува мистериознен сигнал. Пиковите доаѓаат од ѕвезда во соѕвездието Херкул, која се наоѓа на 95 светлосни години од Земјата.

 

0126882001423909257_559862_600x458
Невообичаениот сигнал е пресретнат на 15 мај 2015 година од радио-телескопот Ратан-600, кој се користи од Руската академија на науките. Откритието е чувано во тајност до овој момент.

Ѕвездата е со име HD164595 и според научниците е многу слична на нашето Сонце. Досега е откриена една планета која кружи во орбитата околу неа. Според математичарот Клаудио Мачоне и рускиот астрофизичар Николај Бурсов, сигналот треба да продолжи да се следи. Според истражувачкиот тим тоа ги исполнува сите услови за намерно пренесување сигнали од вонземски живот.
Од Руската академија на науките се категорични дека сигналот треба да се следи. Од скоро кон нив се приклучил екипата на Сетина, кои насочиле голем дел од радио-телескопот кон истото место на ѕвезденото небо.