Северен тек 2 треба да биде завршен до крајот на август

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Гасоводот „Северен тек 2“ меѓу Русија и Германија треба да биде завршен за неколку недели, соопшти операторот.

„Очекуваме дека градежните работи ќе завршат до крајот на август. Досега се завршени 98 отсто од гасоводот. Двата проценти што сè уште недостасуваат се однесуваат на една од двете линии. Втората линија е завршена“, изјави шефот на Северен тек 2, Матијас Ворниг, за германскиот весник„ Ханделсблат“.

Според него, целта е гасоводот да започне со работа оваа година.

Гасоводот долг 1.200 километри го преминува Балтичко Море и ќе може да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина.

Слични содржини