Северина сподели фотографија со нејзината мајка, а пораката трогна многумина

од Elena Daskalova

Северина Којиќ и понатаму е во фокусот на јавноста поради губењето на старателството над синот и нејзината борба за да го врати.

По концертот во Загреб, на кој била и нејзината мајка, таа сподели „стори“ на Инстаграм фотографија со емотивна порака, која ја има објавено пред речиси две години:

„Била 5 месеци во кома по породувањето со мене, но преживеа и веднаш ме научи дека би умрела за мене, како и јас за својот син. Но, исто така, дека би била и посреќна да може да живее со нас. Ти благодарам на се, мамо“, напиша Северина.

Нејзината мајка Ана допатува во Загреб кај Северина веднаш штом се дозна дека го изгубила старателството. Единствено, едната од сестрите на пејачката е во лоши односи со целото семејство.

Слични содржини