Северна Кореја: Лансирањето ракети симулација на напад врз Јужна Кореја и САД

од Stefanija Kuzmanovska
120 прегледи

Минатонеделните лансирања на балистички ракети беа симулација на напад врз Јужна Кореја и САД, како одговор на „опасните воени вежби“ на тие земји, изјавија денеска севернокорејските воени претставници.

Во соопштението се наведува дека се извршени симулации на напади врз воздушни бази и авиони, како и врз голем јужнокорејски град со цел да се „разбие воената хистерија на непријателот“.

Јужнокорејските и американските власти соопштија дека Пјонгјанг направил технички подготовки за тестирање нуклеарно оружје за првпат од 2017 година.

Слични содржини