Северна Кореја истрела крстосувачки ракети во Жолтото Море

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Северна Кореја денеска околу 7 часот по локално време истрела неколку крстаречки ракети во Жолтото Море, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Како што пренесе Кјодо, се верува дека тоа е првпат Северна Кореја да изврши тестирање на крстосувачка ракета од септември минатата година, кога државните медиуми на ден по лансирањето на 2 септември објавија дека Пјонгјанг тестирал две крстосувачки ракети со долг дострел како дел од тактичка вежба за нуклеарен удар.

Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја се зголемуваат, откако на почетокот на месецот, Пјонгјанг истрела бараж артилериски гранати три последователни дена во близина на спорната западна поморска граница со Јужна Кореја, додека Сеул, од друга страна, изврши воена вежба како одмазда.

Слични содржини