Северна Кореја краде криптовалути и ги користи за финансирање на вооружувањето?

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и Јапонија изразија загриженост поради „злонамерните“ активности на Северна Кореја кои ја финансираат нејзината програма за вооружување, се вели во денешното заедничко соопштение на трите земји.

Официјални лица и експерти од САД и сојузничките земји тврдат дека криптовалутите кои ги украле севернокорејски хакери биле клучни за финансирање на програмата за вооружување на Пјонгјанг, објави „Ројтерс“.

Нуклеарниот претставник на Јужна Кореја оваа недела одржа состаноци со американските и јапонските колеги во Сеул и ги осуди ракетните тестови на Северот.

Слични содржини