Северна Кореја објави слики: Лидерот Ким е жив и презема мерки во борбата против Ковид-19 (фото)

од Nikola Popovski
246 прегледи

Севернокорејските медиуми објавија слики на лидерот Ким Јонг Ун на состанокот посветен на коронавирусот и заканата од тајфун, додека во претходните денови повторно се појавија шпекулации за неговата здравствена состојба.

Јужнокорејското разузнавачка служба објавиладека водачот на Северна Кореја ѝ предал дел од своите овластувања на својата сестра Ким Јо Јонг заради „стресот“.

Поранешниот советник на починатиот претседател на Јужна Кореја преку Фејсбук тврдеше дека дека Ким Јонг Ун е во кома, но без да понуди никаков доказ.

Сепак, Ким претседаваше со состанокот на највисоката комисија на владејачката партија во вторникот, објави официјалната новинска агенција „КЦНА“, а на состанокот се разговарало за реакцијата на владата на епидемијата на коронавирус.

Северна Кореја, која брзо ја затвори границата со соседна Кина кога се појави Ковид-19, не потврди дека имало ниту еден случај на инфекција на нејзината територија. Епидемијата од големи размери би била катастрофална во земја каде се знае дека здравствената инфраструктура е недоволно развиена.

Весникот „Родонг Шинмун“ објави слики од состанокот на кој Ким се гледа како е облечен во бело им се обраќа на насобраните. На една слика изгледа како да пуши цигара.

Ким посочил на „одредени недостатоци“ во напорите за превенција и повика на посилни мерки за нивно надополнување, пренесува „КЦНА“.

Слични содржини