Последната рунда санкции кои Обединетите нации ги воведоа за Северна Кореја се воен чин и начин да завршување на блокадата на Пјонгјанг, соопштено е денеска од севернокорејското министерство за надворешни работи.

Во соопштението кое го пренесе државната новинска агенција KCNA се истакнува дека САД се „ужаснати“ од нуклеарната сила и дека стануваат се „поисплашени во своите потези да наметнат најтешки до сега санкции и да извршат притисок врз Пјонгјанг“.
Според наводите во соопштението, „новата резолуција е начин да се заврши економската блокада на Северна Кореја“.
„Ја сметаме оваа резолуција на санкции која е дело на САД и нивните следбеници како тешко нарушување на суверенитетот на Северна Кореја, за воен чин со која се кршат мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот и затоа категорично ја отфрламе „резолуцијата“, се додава во соопштението.
Советот за безбедност на ОН во петокот едногласно усвои резолуција за воведување нови санкции за Северна Кореја поради неодамнешната проба на интерконтинентален балистички проектил.
Со резолуцијата се обидуваат да се ограничи пристапот на Северна Кореја до преработени нафтени производи и сирова нафта како и приходите на земјата од работниците во странство.
Со текстот на резолуцијата воведено е ограничување на 500.000 барели нафта годишно со што се забранува речиси 90 отсто извоз на преработени нафтени производи во Северна Кореја.