Северна Македонија и Албанија потпишаа 21 договор и меморандуми во повеќе области

од Nikola Popovski
131 прегледи

Во рамки на меѓувладината средба на Северна Македонија и Албанија, што се одржа вчера во Скопје, надлежните министерства на двете влади потпишаа 21 договор и меморандум кои се однесуваат на повеќе области.

На потпишувањето присуствуваа премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Премиерите посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зајакнуваат соработката на двете земји и даваат можност за зближување, зајакнување и обезбедување сигурна иднина за граѓаните на двете земји.

Договорите и меморандумите се однесуваат на соработка во областа на евроинтегративните процеси, одбраната, безбедноста, инфраструктурата, енергетиката, културата, борбата против меѓународниот криминал, железничкото поврзување на двете земји, стандардизацијата на услугите во областа на дигиталната технологија, меѓународниот воден сообраќај на Охридското Езеро, соработка во областа јавни финансии, развој на претприемништвото и некои други области.

Договори и меморандуми со министерствата на Владата на Албанија потпишаа Секретаријатот за европски прашања, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатика и администрација, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за здравство, Министерството за култура и Министерството за надворешни работи.

Слични содржини