СДСМ покажа дека е одговорна партија која влезе да ги решава најтешките прашања. Градиме општество во кое се почитуваат правилата. СДСМ нема да ја остави државата на цедило, вели Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика за Утрински брифинг.
Таа напомена дека состојбата во градинките со ковид 19 е стабилна.
-За тоа што треба да се преземе кажуваат експертите кои ја следат состојбата и предлагаат мерки за заштита на јавното здравје. Состојбата во градинките е стабилна – има само 5 позитивни деца и 21 вработен од сите градинки. 80% од воспитувачите се вакцинирани. Кои мерки и да ги донесете ако граѓаните не ги почитуваат тогаш е залудно. Апелирам на личната одговорност на граѓите. Само што почнавме да ја опоравуваме економијата не ни треба нов бран, вели Шахпаска.