Шахтјор од Доњецк го тужеше Судот за спортска арбитража на ФИФА во Лозана и бара отштета од 50 милиони евра, пишува британски „Атлетик“.
Шахтјор протестираше против одлуката донесена на 21 јуни, во која се вели дека тренерите и играчите имаат право да ги суспендираат договорите со украинските клубови до 30 јуни 2023 година, освен ако не се постигне договор меѓу играчите, тренерите и нивните сегашни клубови (крајниот рок за договорот беше на 30 јуни).
Украинскиот клуб преговараше со многу луѓе околу продажбата на странски фудбалери, но се пропадна по одлуката на ФИФА.
Шахтјор на тој начин влезе во тешка позиција и мораше да ги продаде сите играчи за девет дена.
Тоа го искористија заинтересираните клубови, кои чекаа да поминат тие девет дена, за потоа без обештетување да донесат кој било фудбалер од Украина.
„Поради одлуката на ФИФА, Шахтјор ја загуби шансата да продаде четворица странци за вкупно 50 милиони евра“, изјави извршниот директор на Шахтјор, Сергеј Палкин.